Quantcast
Viewing all articles
Browse latest Browse all 110

Викенд со Excubitor, одличната tower defense игра на Tesseract

Image may be NSFW.
Clik here to view.

Изградете кули, уништете ги непријателите, спасете ја базата, надградете го бродот. Ова накратко e Excubitor, нова македонска игра која може да ја купите на најголемата дигитална продавница за игри, Steam. Креирана од Tesseract Interactive, тим од гејминг ентузијасти за кои креирањето игри беше првин хоби, Excubitor е еден од ретките успешни стартапи кои го поминаа патот од креирање продукт, добивање инвестиција од 30.000 евра од бугарски акцелератор, и започнување со глобална продажба.

Првата игра на Tesseract Interactive не се обидува да го направи tower defense жанрот позабавен, ниту се првите кои успеале во тоа. Но, Excubitor, заедно со градењето на кули и уништувањето на непријателите пред тие да ја уништат вашата база, е фантастична игра која спојува два жанра. Најважно од сѐ е што ми беше забавна за играње, иако не сум воопшто фан ниту на tower defense, ниту на shoot’em up игрите.

Image may be NSFW.
Clik here to view.
13288696_10209780049404773_517965631_o

Сценариото е едноставно. Во иднината Земјаните открија начин да патуваат низ Вселената, што се покажа како одлична можност за пронаоѓање на ресурси. Но, како што дознаваме од речиси сите игри, уште подобра можност за откривање на нови и уште поопасни непријатели. Се разбира ние во улога на последната одбрана на човештвото мора да ја одбраниме Земјата.

Во зависност од замислата на девелоперите, понекогаш има можност да ги поставиме кулите и генераторите, но понекогаш мора да се уништи непријателот заедно со градењето, и тоа што ја прави интересна е што мора да одберете кои ви се приоритетите. Градењето е според познат концепт, бидејќи сѐ се гради на одбележани слотови, па можеби не секојпат може да видите дали некој слот е добро место за генератор или кула за одбрана. На некои нивоа помош на играчот му е „околината“, на пример на втората стаза помагаат турбините со кои може да ја затворите патеката.

Image may be NSFW.
Clik here to view.
13340916_10209780049364772_1810354288_o

Засега главната приказна е поделена во четири мини-кампањи, a крајот на секоја кампања има „главен“ кој треба да биде победен за да продолжите. Босовите доаѓаат со нешто поинаква механика, па така на пример за првиот бос одвреме на време треба да се скриете зад астероид. За разлика од стандардните сценарија овие се многу потешки, па ако сте нов играч во жанрот како мене, ќе имате вистински предизвик пред вас за да ги поминете овие мисии.

Нивоата се разнолики, а на моменти и стандардните нивоа се малку потешки. За среќа водичот постојано објаснува што треба да се направи, па покрај неискуството сепак не се загубив, иако понекогаш почнував ниво од почеток, доколку се одлучев дека треба да направам некоја промена на оружјето или во градењето на базата.

Image may be NSFW.
Clik here to view.
13334465_10209780049524776_315826232_o

По завршувањето од мисијата доаѓа делот кој на многу гејмери им е најинтересен – можност за надградба и персонализација на бродот. Иако нема премногу можност за персонализација кога изледот е во прашање, бројот на функционални надградби е огромен. На бродот може да му се надградат четири модули: штитови, оружје, hp поени и брзината. Дополнително има две оружја (лево и десно) кои можат да се менуваат и да се користат независно. За секој слот има куп оружја (вкупно 17): митралези, бомби/мини, пламенофрлачи и куп други кул и помалку кул оружја.

Image may be NSFW.
Clik here to view.
13321012_10209780049444774_63476181_o

Tesseract направија навистина одлична работа со оптимизацијата на играта, па без проблем работи и на интегрирана HD 4000 графичка картичка на лаптоп. Графиката и звукот во целост се во функција на играта, иако звукот може да биде и подобар.

Претпоставуваме дека на поголем дел од играчите од Македонија, 20 евра за видео игра можеби им се премногу, но најголем дел од игрите на Steam се неколку пати поскапи. Дополнително со купувањето на Excubitor, можете симболично да ја поддржите и македонската гејминг индустрија која пополека се појавува.

The post Викенд со Excubitor, одличната tower defense игра на Tesseract appeared first on IT.mk.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 110