Quantcast
Viewing all articles
Browse latest Browse all 110

ИТ Форум: Мајстори на фотографијата

Image may be NSFW.
Clik here to view.

По одличната тема за историја на фотографијата, членот M.Pix го продолжува својот серијал со нов пост на тема Мајстори на фотографијата во кој говори за развојот на оваа уметност, луѓето кои се сметаат за врвни мајстори како Ансел Адамс, Јусуф Карш, Анри Картие Бресон и др. притоа споделувајќи ги нивните најпознати фотографии.

“Со кого и да се почне, нема да биде погрешно, бидејќи станува збор за врвни мајстори кои зад себе имаат оставено огромно фотографско наследство. Без желба да фаворизираме некој од тројцата, ќе почнеме со Адамс, поради неговиот придонес за развојот на црно белата фотографија.” вели во својот пост членот M.Pix.

Image may be NSFW.
Clik here to view.
image

Друг член, xenon, го дополнува постот со интересно мислење и дефиниција што е тоа што некого прави мајстор кога станува збор за фотографија:

Преку пионерите на фотографијата, историјата не учи дека не е многу важна, т.е. не игра пресудна улога опремата колку што има сенсот за композиција, начинот на кој фотографот остварува конекција со субјектот во портретна фотографија – ја вади личноста на површина односно заробува момент од времето кога еден сет фацијални експресии, положба на телото и сл. го отслкува човекот каков што навистина е, наместо да го пресликува сировиот екстериер.

Целата тема може да ја прегледате на ИТ форумот.

The post ИТ Форум: Мајстори на фотографијата appeared first on IT.mk.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 110