Quantcast
Channel: Рецензии ⋆ IT.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 110

Првите рецензии велат Apple Watch е најдобриот гаџет, но и лош часовник

$
0
0

Откако Apple Watch се распродаде во првите неколку минути, пристигнаа и првите рецензии за уредот. Најголемиот дел на прегледите го прогласуваат Watch за најдобриот часовник досега, иако добар дел рецензии ги претставуваат недостатоците на овој несекојдневен часовник. Сепак, 957.000 продадени часовници само во САД во првите минути, можеби се доволни за Apple Watch да биде прогласен за најпопуларниот паметен часовник. За споредба во цела 2014 година се продадени околу 720.000 Android Wear часовници од разни производители, вели TechRadar.

Можеби најголем непријател на Apple Watch е токму iPhone, ова пред се бидејќи постарите модели на iPhone не го поддржуваат Apple Watch. Така сите кои сакаат да го користат часовникот мора да бидат сопственик на iPhone 5 или понова верзија на телефоните. Сепак ова е дискутабилно, бидејќи iPhone е веќе препознатлив статусен симбол и моден додаток, па покрај обидите за популаризација на Samsung, Motorola и LG, патот кој треба да го помине Apple Watch е далеку полесен.

Apple Watch е исклучително мал и персонализиран уред, вели Verge. Дизајниран е да биде дел од секој момент од вашиот ден, но речиси никојпат не овозможува интеракција со некој друг. Препознава кога го носите. Може да зборувате со него. Може да го „poke“ и тој ќе ви одговори.

Сепак најважното прашање е дали ќе го користите часовникот наместо телефонот? Одговорот на ова прашање за сега е не, часовникот е премногу бавен, дури и за нотификациите преку WiFi и Bluetooth е потребено предолго време. Апликациите се пребавни, дел од апликациите воопшто не се вклучуваат. Apple најавува надградба на оперативниот систем, но во моментов технологијата е далеку од замислената. Поради ова најголем дел од корисниците побрзо ќе го извадат својот iPhone отколку да чекаат да профункционира часовникот. Дополнитело корисниците кои се навикнати да ракуваат со телефонот со една рака, ќе имаат сериозен проблем ова да го прават и со часовникот. Димензиите на часовникот и на контролите, едноставно се преголема пречка во ова. Интересно но екранот на Apple Watch постојано се вклучува и исклучува. Црниот екран, или Sleep mode, има своја предност па според првите рецензии навистина може да издржи 18 часови помегу полнењата. Втора опција можеби би бил потежок часовник со повеќе простор за батерија, но и без дополнителна тежина од батеријата Apple Watch веќе е речиси два пати потежок од Moto 360.

Интеракцијата со Apple Watch е речиси идентична со Android Wear часовниците. Нотификациите пристигаат на часовникот со вибрација која ве известува за ова, а на неколку повлекувања со прстот по екранот, може да пристигнете до секоја интеракција со апликациите.

„Force Touch е новата функција на Apple Watch, ако посилно притиснете на дисплејот, ќе повикате некои функции. На пример, доколку сакате да ги отстраните сите нотификации можете да го нпаравите ова со Force Touch. Доколку слушате музика на iTunes и сакате да да промените од песни кои се достапни на iPhone, во песните кои се достапни на часовникот, повторно се користи Force Touch“, објаснува Recode.

Часовникот има вграден микрофон и звучник, па може да разговарате преку него. Сепак за оваа функција, iPhone-от моеа да биде во близина бидејќи повиците, се правата преку телефонот. Покрај ова квалитетот на звукот е одличен преку микрофонот, иако звучникот не е на ниво на „задачата“, со користење на Bluetooth слушалка ова се поправа, но сепак ова значи дека покрај телефонот и часовникот потребна е и слушалка. Слична е ситуацијата и со говорниот асистент Siri кој функционира и на часовникот. Но за жал, единствено доколку телефонот е во близина. Дел од основните команди како промена на песна или испраќање на порака можат да се направат преку часовникот, но секое прашање надвор од основната примена ќе го упати корисникот кон телефонот.

Една од поинтересните можности кои се отвораат со Apple Watch е користењето и промена на интеракцијата со фитнес и здравствените апликации. Така часовникот може да ги мониторира вежбите на корисниците, но и да ги опемене доколку седат предолго. Сепак, рецезентите велат дека за корисниците кои имаат инвестирано во останатите продукти на Apple, пример iMessages, iTunes, Siri, Apple Watch е логично продолжување на технологијата, за сите останати часовникот не е нешто што мора да го поседуваат.

Дополнителен проблем кој доаѓа со Apple Watch се ограничувањата кои доаѓаат со Apple Watch SDK за кои пишува Fast Company. Дел од нив се поврзани со капацитетот на батеријата и контрола на искуството на корисниците.

„Најголемите забелешки кои ми ги повторија девелоперите се дека Apple Watch е фактот дека часовникот не може да го процесира кодот за сопствените апликации. Апликациите всушност работат на поврзаниот телефон, кој потоа ги префрла сите релевантни податоци – слики, зборови на дисплејот на часовникот“.

Токму ова е причината за проблемите кои ги имаат девелоперите на апликации од третти страни, поради кои апликациите „умираат“ кога часовникот ќе излезе надвор од кругот на телефонот. „Користиме анимација за да бидеме поинтересни за нашите корисници и за да имаме значајна транзиција помеѓу состојбите. Ако чекате на Wi-Fi или Bluetooth, едноставно не вреди“, велат девелоперите.

Но најверојатно најголемиот проблем кој го имаат програмерите на апликациите е протекционизмот на Apple за „одбраните“ развивачи. Така учесниците во Preffered partners програмата имаат повластен статус и пристап до функции кои не им се достани на останатите. На пример независните студија немаат пристап до функциите кои овозможуваат промена на ликот на часовникот.

„Apple Watch кој ќе биде достапен на лансирањето нема да биде часовникот кој го очекуваат Apple fanboys. Станува збор за ограничено парче технологија со кориснички интерфејс кој делува застарено. Не постои ништо што можат да го направат развивачите, за да ја подобрат платформата додека Apple не им дозволи“, констатира Fast Company во најверојатно најкритичкиот поглед на Apple Watch.

The post Првите рецензии велат Apple Watch е најдобриот гаџет, но и лош часовник appeared first on IT.mk.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 110