Quantcast
Viewing all articles
Browse latest Browse all 110

Користењето на социјалните медиуми за време на парламентарните избори

Image may be NSFW.
Clik here to view.

Предвремените парламентарни избори се одлично време да споделам статија на две теми за кои сум доста заинтересиран: социјални медиуми и политика.

Поминаа повеќе од месец дена од победата на Доналд Трамп во изборите за претседател на САД. Без поддршка од големите медиуми, Доналд Трамп успеа да стигне до победата. Една од главните причини се токму социјалните медиуми. Неговите твитови, таргетирани фејсбук реклами за обесхрабрување на потенцијални гласачи на Хилари, како и лажните вести кои проциркулираа низ Фејсбук играа важна улога за овој резултат. Во споредба со другите кандидати, Трамп водеше во полето на социјални медиуми со следбеници, лајкови, ретвитови и континуираната активност на Twitter.

Социјалните мрежи се еден од најискористени алатки за предвремените парламентарни избори и во Македонија. Интензивни кампањи се водат на платформите на трите локално најкористени социјални мрежи – Facebook, Twitter и Instagram.

Facebook е една од главните пропагандни платформи

Без сомнение една од главните битки помеѓу партиите за повеќе гласови за парламентарниве избори се води на Facebook.  Знаејќи го фактот дека во Македонија има над 1 милион отворени Facebook профили (според податоците на Ads платформата на Facebook) во Македонија нормално е најголемата активност да биде на оваа мрежа.

Двете најголеми партии – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имаат сличен пристап на оваа кампања во користење на статии, фотографии од средби со граѓаните, и споделување на нивните видео реклами и видео спотови. Како честа практика е користење на опцијата Live за прикажување во живо на митинзите на партиите.

Twitter и Instagram

Twitter често е омилената алатка за интеракција со гласачите од страна на политичари низ целиот свет, што не е практика и кај нас. За жал, мал број од политичарите од Македонија кои имаат Twtiter профил твитаат во континуитет. За предвремените парламентарни избори, се твита од профилите на главните политички партии. Сепак, во оваа комуникација фали интеракција, шеги и досетки кои се вообичаени за Twitter платформата.

Слично на Twitter, Instagram исто така се користи во кампањите на партиите. Користење на хаштаг, слики од средби и видео рекламите се присутни во споделување на партиите од Инстаграм.

#4 #ЗаЖивотВоМакедонија

A photo posted by Радмила Шекеринска (@radmila.sekerinska) on

Кралот на социјалните медиуми – политичко издание

Мој омилен социјален профил за престојните избори е профилот на политичарот Стојанче Ангелов. Тој споделува во континуитет, разговара со поддржувачите, се шегува, забавен е за пратење и претставува пример како политичар треба да ги користи социјалните медиуми. За најдобро да ја опишам неговата умешност за комуникација на социјални медиуми е да ги споделам неговите твитови и Facebook постови.

Најверојатно предизборниот молк нема да важи за социјалните медиуми што додатно може да влијаат на крајниот резултат на претстојните избори.

Се наоѓаме во дигиталната транзиција која го опфаќа и начинот на водење на политичка кампања. Допрва ќе бидеме сведоци дали партиите го постигнаа својот резултат благодарејќи на социјалните медиуми.

The post Користењето на социјалните медиуми за време на парламентарните избори appeared first on IT.mk.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 110