Quantcast
Channel: Рецензии ⋆ IT.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 110

Jump е „Netflix за инди гејмери“

$
0
0

Jump е најновиот обид да се издигнат квалитетни инди игри преку месечен, претплатнички систем. Оваа платформа, која е предвидена да се појави уште летово, а е моментно во бета фаза на тестирање, е замислена да им понуди  на играчите инстантен и неограничен пристап до наградувани инди игри. За 10 долари месечно, Jump првенствено ќе им понуди на претплатниците околу 60 инди игри, со ветување константно да го зголемува бројот на месечно ниво. На овој начин, и инди девелоперите добиваат поголема шанса да бидат откриени.

„Гледајте на ова (Jump) како на Netflix“, објаснува претставникот на услугата, Ентони Палма „Го посетувате (Netflix) и добивате многу специфични категории, како инди хорор филмови со впечатливи женски улоги. Тоа сакаме и ние да постигнеме. На тој начин, не само што ви сервираме игри кои вие би можеле да ги сакате, туку и поставуваме преседан за испливување на неоткриени игри. Па така, ако вашата игра излегла во третиот месец (од годината) а сега сме дванаесетти, тоа не значи дека играта ќе биде закопана и неоткриена.“

Од Jump исто така ветуваат дека нема да има никакви реклами, нити пак продажби на додатоци (DLC). Тоа не значи дека не сакаат да охрабруваат правење додатоци и планираат таквото нешто да го изведат така што ќе вратат некоја игра на предната страна со ознака дека истата има нова содржина. На тој начин, иако играта е во нејзиниот дванаесетти месец, сепак испливува и е видлива за сите.

„Бидејќи сме многу внимателни во изборот на игрите, секоја од нив ќе добие доволно време под сонцето за да спечали пари. Ова додава целосно нов прилив на заработка која развивачите не би можеле да ја добијат претходно, затоа што многу од игрите ќе спечалат пари од клиенти кои истите игри нити ги купиле, нити пак слушнале за нив (преку стандардните канали).“

За Jump постои отворен повик за учество во бетата, но не и за македонските гејмери. Платформата можеби ќе се појави летово, но останува да се види дали Македонија ќе биде една од пионерските земји. Со оглед на цената која се бара, 10 долари се чини премногу скапо, особено кога ќе земете во предвид дека тоа се пари кои ги давате само за еден месец играње. За исти тие пари, моментно можете да го купите најновиот пакет од Humble Bundle и засекогаш да уживате во феноменални Resident Evil и Dead Rising наслови. Мисијата на Jump можеби се чини како благородна, но многу други организации, како Humble, па дури и самиот Steam преземаат одлични мерки за испливување и откривање на (инди) игри.

The post Jump е „Netflix за инди гејмери“ appeared first on IT.mk.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 110