Quantcast
Channel: Рецензии ⋆ IT.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 110

Рецензија: Terrorarium e игра за вселенска бабичка и нејзините невообичаени следбеници

$
0
0

Доколку сте фанови на откачени инди игри кај кои фокусот е на урнебесно решавање загатки и креативно создавање мапи за продолжување на забавата со заедницата, тогаш Terrorarium се наметнува како повеќе од одличен избор!

Terrorarium.png
Првиот прототип за играта бил инспириран од кратката приказна на Џорџ Р. Р. Мартин – Sand Kings

Играте со бабичка која целиот живот го има посветено на градинарење само за да, година по година, освојува само второ место на натпреварите. Откако ќе и дојде преку глава и сакајќи конечно да и ја затне устата на нејзината противничка, бабичката ќе реши да ги користи Moogu печурки за да издвои победа по која било цел. Приказната е едноставна, но хумористична и во комбинација со симпатичната графика и разиграна музика допринесува до исклучително забавни сценарија. Но, тоа никако не значи дека целта на бабичката ќе биде лесно остварлива.

Наспроти општото мислење, печурките не сакаат да се капат

Мугу печурките се многу смотани, што е одлична работа и допринесува до значително позабавен гејмплеј каде посебно треба да внимавате каде се движите, со или без нив. Имено, на разиграните печурки воопшто не им е важно дали се движат на земја или лава или вода. Сè им е исто на нив, и вие сте тие што треба внимателно да ги водите и тактички да ја употребувате свирката која ги приближува до вас. Дури и да поминете во близина на безопасна трева или грмушки, некои од нив ќе се заглават во листовите/гранчињата и доколку не ги повикате, јадните брзо ќе експлодираат поради нешто што сакаме да веруваме дека е длабока и неиздржлива самотија.

4 печурки се доволни за рушење камен ѕид. Замислете да имате 40!

Некои билки и чувари се непријателски настроени и внимателно чекаат да им се приближите за да можат да ве срамнат до земја. Поради тоа, мора да свирите подолго време за да печурките се движат прилепени до вас и не се оддалечуваат од безбедноста на вашите нозе. Од друга страна, треба да внимавате и на дополнителни опасности од животната средина. Како што напоменавме, лавата е погубна и за бабата и за печурките. Но, ако места со колци инстантно ја убиваат бабата, печурките без проблем се проблекуваат низ острите стапови. Слично на ова, водата ќе ги удави Moogu, но не ѝ може ништо на бабата. Ова отвора простори за интересни загатки. На пример, што правите ако од една страна имате шилци, а од друга имате вода? Во близина на шилците, можете да ги успиете вашите малечки за да не ве следат. Потоа, можете да ја преминете водената површина и кога ќе стигнете од другата страна на шилците да ги разбудите и повикате најмалечките кон вас.

Ретко се случуваше Моги сами да се разбудат и да појдат кон нас, правејќи целосен хаос во процесот

Секоја мапа ја завршувате така што храните огромна билка со одреден број печурки. Нахранета, билката го испушта плодот и вие може да го соберете и да преминете на наредната градина (читај: мапа). Освен што фрлате печурки во билки, можете да ги фрлате во одредени карпи или слични пречки за да ги искршите и да ви се отвори премин. Во случај да ги изгубите печурките, одредени места во мапата ќе ви овозможат инстантра репродукција и ќе го зголемат бројот на вашите смотани сопатници. Далеку од романтично, но крајно ефикасно.

Фрлање печурка во репка резултира со експлозија која ги гори околните растенија и отвора нови патишта

Најслабата точка во играта е можеби графиката. Иако паметиме многу забавни сесии со Terrorarium, сметаме дека игра која се темели на симпатични елементи и механики може само да има дополнителен бенефит од модерна графика и разиграни анимации. На моменти, одредени делови низ мапата оставаат впечаток на набрзинка нафрлани асети кои како да не се органски споени едни со други и не прват една веродостојна целина.

Лудилото се крие низ 25 уникатни градини, а со нивното завршување забавата вистински почнува.

Најдоброто нешто во Terrorarium не е тоа што веќе го има, туку тоа што допрва ќе се направи и сподели со останатите. Играта се одликува со моќен Maker Mode со кој можете да создавате, градите и играте најразлични мапи создадени од играчите. Играта има целосна интеграција со Steam Workshop и на располагање веќе имате над 200 градини, односно мапи кои се направени од заедницата.

Модовите се исклучително мали и инстантно можете да започнете со нивна проверка

Terrorarium е уникатна авантура во која е повеќе од очигледно дека е вложено многу труд и љубов. Иако се загатките предизвикувачки, во ниеден момент не оставаат впечаток дека не се фер или дека застрануваат од претходно зацртаните правила за светот. Поради уникатната формула, Terrorarium брзо би можела да пронајде одредена група гејмери кои инстантно ќе се вљубат во неа. Доколку и вие ѝ пружите шанса, би можеле да се изненадите од комплексните можности кои се кријат со секое напредување низ градините.

Terrorarium box art_1024x1024.jpg
Terrorarium е направена од канадското студио Stitch Media

Вкупна оценка: 8
Приказна: 7
Гејмплеј: 9
Графика: 7
Звук и музика: 9

The post Рецензија: Terrorarium e игра за вселенска бабичка и нејзините невообичаени следбеници appeared first on IT.mk.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 110