
Откако ги задоволи најпребирливите корисници со GTX 1080 и GTX 1070, Nvidia е потготвена да го освои пазарот на поевтини модели со GTX 1060. Според првата најава, графичката има малку подобри перформанси од GeForce 980 Ti, но ќе биде многу поевтина. (Tnx на Александар Томашевски за забелешката).
Графичките картички кои доаѓаат од Nvidia ќе чинат 300 долари, но партнерите веќе имаат верзии кои доаѓаат за околу 250 долари. Првите прегледи велат дека новата графичка картичка на Nvidia е подобра од Radeon RX 480, иако за најголем дел од бенчмарк тестовите на игри разликата е толку мала, што без сомневање графичките од различни производители различно ќе се однесуваат. GTX 1060 троши само 120W, но ова не се забележува во перформансите. Процесорот e на 1.506 MHz, има 1280 CUDA јадра, и пресметува со брзина од 3.855 мегафлопи. Графичкиот процесор GP106 е „половина“ од процесорот на GTX 1080. Така GTX 1080 доаѓа со четири јадра, GTX 1070 со три, а GTX 1060 со две јадра.
Една од забелешките е дека корисниците на GTX 1060 немаат можност за SLI, па играње со мулти-графички картички засега не е опција, вели TomsHardware. Сепак, кога графичките картички се во прашање, хардверот е супер, но игрите се кралеви. Со оглед на тоа дека станува збор за графичка картичка со ограничен буџет ги одделивме само резултатите со резолуција 1080p. Она што најмногу ве интересира е FPS, иако повеќе е подобро, имајте предвид дека ова е ограничено со рефрешот на мониторот, па 100 FPS на монитор со рефреш 60 Hz се 60 FPS.
The post GTX 1060 е најдобрата графичка за ограничен буџет appeared first on IT.mk.