Quantcast
Channel: Рецензии ⋆ IT.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 110

Лична карта: Resident Evil 7

$
0
0

Што е Resident Evil 7?

Resident Evil 7 е хорор игра развиена и издадена од Capcom. Како единаесетта игра од овој серијал, меѓутоа, Resident Evil 7 ви ја леди крвта со перспектива во прво лице. Играјќи како Итан Винтерс, втурнати сте во потрага по неговата жена, Миа. Она што играчите наоѓаат, меѓутоа, е ужас во најчиста форма и навидум невозможни обиди да се извлече жива глава преку користење оружја, лековити билки, но и решавање загатки. Со воведување на перспективата во прво лице, акцентот не е на акцијата, туку на опстанокот. А, ако во нешто е добра Resident Evil 7, тоа е да ве зграпчи за ракави и да ви вреска во лице.

Првата Resident Evil ни доаѓа од далечната 1996 година и, се до треттиот дел, серијалот се трудеше да понуди интересен микс од акција и хорор елементи, зачинети со пријатна доза од загатки. Од четвртата игра, меѓутоа, авторите решија да заземат по акциона форма и да ги потиснат загатките и сурвајвал елементите на сметка на експлозивна акција од трето лице и надградба на оружјата. Со седмицата, Capcom се навраќа на корените и покажува дека неизвесната инертност знае да биде многу позастрашувачка од арсенал од оружја.

Кои се Capcom?

Capcom е јапонски развивач и издавач на видео игри, основан на 30.мај 1979 година, од страна на Кензо Суџимото. Во 1987 година, студиото го освои светот со мега популарната Street Fighter, a истата година ги запозна гладните фанови и со првата Mega Man. Но, Capcom не застана тука и продолжи да се бори за своето место под сонцето и со серијалите Devil May Cry (2001) и Monster Hunter (2004). Покрај константната посвета на овие франшизи, останати експерименти на студиото имаат вродено резултати во форма на Lost Planet, Dead Rising, Dragon’s Dogma, Asura’s Wrath и Zack and Wiki.

Што вели светот за Resident Evil 7?

Со 88 поени од Metascore и 88% позитивни рецензии на Steam, се чини дека Resident Evil 7 е вистински погодок кој изгледа како чедо на The Texas Chainsaw Massacre и The Hills Have Eyes, потпомогнато од гејмплеј механики кои се препознатливи за серијалот (Ragequt), особено за лојалистите на првата игра (The Overpowered Noobs). Levelup (90) објаснува дека играта оддава неверојатно-страшна атмосфера во која се кријат доволно нови елементи за да го издигнат насловот над сите слични игри, а Meristation (90) се презадоволни од изворот свежи идеи, стари предизвикувачки загатки и одличен баланс помеѓу истражување и акција. PC Gamer ја даваат истата оценка од 90 поени, но не се сложуваат дека играта е драматична надградба. Тоа не ги спречува да уживаат во нешто што нуди доволно напната атмосфера која е рафинирана до точка на совршенство. На сево ова, Gamespot (80) само се надоврзува со објаснувањето дека, во поглед на графиката, PC верзијата е супериорната едиција и дека е одлично оптимизирана и за малку послабите конфигурации.

Што велиме ние?

Resident Evil 7 e едно од најстрашните искуства преточени во дигиталната форма. Феноменалните можности за истражување, прикрадување и борба, потпомогнати од маестралната звучна подлога, се како уметничко дело на длабоко вознемирени умови и често пати ќе се наоѓате во ситуации кога, хипнотизирани од сервираниот ужас, сакате да ја прекинете играта, но не знаете како и едноставно мора да продолжите понатаму. Доколку имате барем мала желба да видите во кои правци се развива хорор жанрот, особено RE серијалот, седмицата не само што нуди многу повеќе од она што беше препознатливо во почетоците на овој серијал туку е и неверојатно способна да им го пружи на хорор фановите задоволителниот фикс.

Што велите вие?

Кажете ни во коментарите, на друштвените мрежи или во гејминг секцијата на ИТ форум!

  • Развивач: Capcom
  • Издавач: Capcom
  • Режисер: Коши Наканиши
  • Продуценти: Масачика Кавата, Сијоши Канда
  • Писател: Ричард Перси
  • Композитор: Акијуки Моримото, Мивако Чиноне, Сатоши Хори
  • Серијал: Resident Evil
  • Платформи: Microsoft Windows, PlayStation 4, Xbox One
  • Излезена на: 24 januari 2016
  • Жанр: Survival хорор
  • Режими на игра: едно лица

 

The post Лична карта: Resident Evil 7 appeared first on IT.mk.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 110